Кивична пријава за непознат сторител поради бактеријата листерија

Од:

Министерството за здравство денеска ќе поднесе кривична пријава против непознат сторител за пуштање во промет на производи заразени со бактеријата листерија. Министерот за здравство Никола Тодоров на прес-конференција рече дека не е задоволен од оваа ситуација во која има негативни резултати од земените мостри, а досега четири лица починаа како последица на оваа бактерија.

– Од првичните резултати коишто ги имаме добиено од испитувањата за бактеријата листерија од мострите кои се земени резултатите се негативни.

Нема изолирана бактерија од производите коишто се досега испитани. Првично бевме фокусирани на испитување на млечните производите и на производите за храна на бебиња, но исто така се направени и испитувања од некои сувомеснати производи и досега сите испитувања се негативни, рече министерот за здравство.
Тодоров потенцираше дека не е задоволен од целата оваа ситуација.

– Иако ова воопшто не е надлежност на Министерството за здравство не можам да прифатам ситуација во која што имаме негативни мостри, а имаме четири жртви и заради тоа како Министерство за здравство иако, повторувам, не сме директно надлежни за оваа проблематика, во текот на денешниот ден ќе поднесеме кривична пријава против непознат сторител за производство и пуштање во промет на штетни прехранбени и други продукти по член 213 од Кривичниот законик, а во врска со член 217 од Кривичниот законик, имајќи предвид дека има настапено смрт на едно или повеќе лица. За ова е предвидена многу сериозна казна, потенцираше денеска Тодоров.

Министерот додаде дека тој лично не би се согласил со казна од две, три, пет или десет илјади евра во ситуација кога во земјата има четири смртни случаи и кога може многу лесно да дојдеме во ситуација на епидемија. Затоа, појасни, се одлучивме на еден ваков чекор да поднесеме кривична пријава против непознат сторител за истражните органи да испитаат детално каде настанал проблемот, кој пуштил во промет вакви производи, дали се знаело за нив, дали биле пуштени од небрежност, дали се преземени соодветните мерки коишто се предвидени со законот, дали се преземени мерки на уништување на евентуално заразени производи.

Првично биле земени 20-ина мостри од производите што ги наброја Тодоров, додека досега се земени над 300 мостри, а резултатите од нив се очекуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Министерот за здравство рече дека дополнително се земени 47 мостри од продавници во градови во коишто живееле лицата што починале и оние што се заболени од бактеријата. Исто така, најави дека денеска дополнително ќе нареди да се земат брисеви од машините на производствените капацитети за да се испита дали можеби има листерија на некоја од нив.

Toj nајави законски измени во однос на тоа кој се треба да биде информиран по евентуалното детектирање од страна на лабораториите на бактерии.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство