Градот во Преспа оштети околу 3 илјади хектари овошни насади

Од:

Јаболковите насади во Преспанско претрпеа големи штети од градот, кој вчера во 15 часот го зафати овој регион. Градот со големина на орев и јајце, нанесе штети на околу 3.000 хектари овошни насади, при што го оштети родот од 30 до 100 отсто.

Најголеми штети се предизвикани во атарите на селата од Перово до Крушје. Покрај родот оштетени се и самите дрвца кои во наредниот период нема да даваат род.

– Ова невреме уште еднаш го отвори прашањето за осигурување на насадите и користење на поволностите што ги дава Владата, како субвенционирање на 60 отсто од вкупната сума, истакна заменик-министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски, кој ги посети погодените реони.

Тој информира дека Владата ќе ги разгледа можностите за да им се помогне на оштетените и додаде оти ќе се формираат и комисии за проценка на штетите.

Невремето предизвика поплави по улиците, а оштети и автомобили.

Би можело да ве интересира

Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите

Невремето предизвика поплави и штети во повеќе региони

Ѓорѓиевски: Со навремена и координирана реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје

Предраг Петровиќ

Невремето во Скопје направи пустош, поплави и заглавени возила

Предраг Петровиќ

УХМР: До среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер