Александар Матуновиќ, личниот лекар на некогашниот маршал на поранешна СФРЈ, Јосип Броз вели дека Тито имал акт-торбичка од која не се одвојувал , а во која по неговата смрт е пронајден еден од доказите дека тој не е Јосип од Кумровец, туку зад неговото име се крие друга личност.
„Дневник,хр“, повикувајќи се на информациите на лекарот на Тито пренесе дека тој имал мала акт-торбичка која секогаш ја носел со себе. Нејзината содржина покрај тоа што била обезбедена со клуч имала и мал катанец.
-Во два наврати, влегувајќи во неговите простории го видов како претура по торбата. Секогаш беше свртен со грбот кон вратата, а кога јас ќе влезев, тој веднаш ја затвораше. Дејствуваше како човек кој е затекнат во некоја недозволена работа. Поради тоа знаев дека во торбата има некои важни работи- вели лекарот.
Тој додава дека по смртта на Тито се распрашувал што имало во малата акт-торбичка.
Звонко Костиќ еден од членовите на комисијата задолжена за имот Тито му рекол дека покрај златен накит, извод од матична книга на умрени на Зденка Пауновиќ, како и извод од матична книга на венчани со Јованка Будисављевиќ и фотографија од Пелагија Белоусова.
Во торбичката имало и извештај од австроунгарското Министерство за војна од есента 1915 година, во кој се нашол список на австроунгарски офицери, подофицери и војници кои загинале за време на битката во Галиција. На списокот се наоѓало и името на капларот Јосип Фрањо Броз.
Пронајдениот извештај оди во прилог на сомнежот, односно мислењето дека Тито не е Јосип Фрањо Броз од Кумровец, туку дека зад неговото име се крие некоја друга личност.
Е. Г.