Најмалку 33 луѓе загинаа, а 16 се водат како исчезната при ударот на тајфунот Рамасун провинциите во Гуангдонг, Хајнан и Јунан и автономниот регион Гуангси-Жуанг во југоисточниот дел на Кина, соопштија денеска кинеските власти презентирајќи го најновиот биланс на жртвите.
Од налетот на тајфунот животот го загубија и 13 лица во северниот дел на Виетнам, а четворица се водат како исчезнати, соопштија виетнамските власти.
Рамасун го зафати копнениот дел на Виетнам за време на викендот и предизвика големи поплави, лизгање на земјиштето и разурна голем број на куќи.