ВМРО-ДПМНЕ: Нема штета од тоа што еден амбасадор се пишманил

Од:

Повлекувањето на еден кандидат од позиција, за која самостојно се пријавил, се борел да ја добие, по што бил селектиран и предложен, нема ништо со надворешните или внатрешните политики на Република Македонија, таа позиција многу наскоро ќе биде пополнета и Македонија нема никаква штета од тоа, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов за дипломатските скандали во Македонија.

„Затоа пак, меѓународниот углед на Македонија е загрозен од неодговорното однесување на раководството на СДСМ. Очигледен е обидот на Зоран Заев и Петре Шилегов преку вакви и слични изјави да ја маскираат штетата која тие и ја прават на Република Македонија преку нивниот неодговорен однос и услугите кои им ги пружаат на тие кои го блокираат членството во НАТО“, се наведува во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина