Протести пред израелската Амбасада во Атина

Од:

Палестинци кои живеат во Грција, членови на синдикати, политички партии и организации за човекови права синоќа одржаа протест пред израелската Амбасада во Атина, против бомбардирањето на Појасот Газа.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, повикот за протест го упати опозициската партија Сириза која истакна дека „повеќето од жртвите на израелското бомбардирање се цивили, меѓу кои и многу деца“ и го обвини Израел дека е „охрабрен од толеранцијата на меѓународната заедница“.

Собирот на Сириза се совпадна со протестот и маршот што го организираше и Комунистичката партија на Грција (ККЕ).

– Грчката Влада мора веднаш да ги откаже сите договори со Израел, воени и секакви други, изјави генералниот секретар на ККЕ, Димитрис Куцумбас.

Амбасадор на палестинските власти во Атина Марван Емил Тубаси, кој исто така учествуваше во маршот, му се заблагодари на Куцумбас и ККЕ за, како што рече, „доследните позиции во поддршката на националната борба на палестинскиот народ против варварската окупација од страна на Израел, против варварската операција против Палестинците во Газа, како и против политиката на Израел за изгрдаба на населби“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“