Египет: Катар, Турција и Хамас се пречка за постигнување примирје меѓу Израел и Палестинците

Од:

Египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри ги обвини Катар, Турција и движењето Хамас дека заговараат саботирање на напорите на Каиро за воспоставување прекин на огнот меѓу Израел и Палестинците во Појасот Газа.

Египет го смета палестинското движење Хамас за закана, бидејќи е создадено од Муслиманското братство, кое минатата година беше соборено од власт од страна на египетската армија. Тоа ги влоши односите на Египет со Катар и Турција, кои го поддржуваа исламистичкиот египетски претседател Мохамед Морси.

– Ако Хамас ја прифатеше египетската иницијатива, на тој начин ќе беа спасени речиси 40 палестински животи, истакна шефот на египетската дипломатија.

Во вторникот Египет предложи двете страни во конфликтот во Појасот Газа да склучат примирје. Израел прифати, но Хамас ја отфрли идејата. Израел синоќа започна копнена операција во Појасот Газа.

Би можело да ве интересира

Бројот на загинати борци на Хезболах може да достигне и до 4.000

Најмалку 17 Палестинци загинаа низ Газа во израелски напади

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда

Нови напади во Газа: 15 мртви, меѓу кои и синовите на поранешниот портпарол на Хамас

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Хамас е подготвен за прекин на огнот со Израел