Советот за радиодифузија започнува постапка за одземање на дозволата за работа на А2 телевизија, доколку следните 15 дена не ја усогласи програмата согласно добиената дозвола.
Седумдневниот мониторинг покажал дека на А2 се емитува за 0,62 проценти помалку образовна програма, на сметка на високиот процент забавна програма. Советот даде позитивна оценка за сменувањето на програмската шема изминативе денови, но укажа и на потребата од отстранување на техничките проблеми кои се забележуваат при емитувањето. Еве дел од дискусијата:
На денешната седницата на Советот за радиодифузија, беа одземени дозволите за работа на 4 радија (Радио Емикс Охрид, Радио Пехчево, Беса Долнени и АБ Кочани) и на битолската Телевизија Меди. Како причина беа наведени долговите кои овие радиодифузери ги имаат кон Советот.
Дополнително, беше укажано и дека постои неусогласеност на форматот на програмата на ТВ Шутел, поради што СРД наложи мониторинг и за оваа телевизијата, која ке мора да ја смени програмската шема доколку сака да ја задржи дозволата за работа.