Албанија обезбеди кредит од 100 милиони евра од ЕБОР

Од:

Албанија обезбеди кредит во износ од 100 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), кој ќе и помогне за осигурување на банкарските депозити, кога тоа ќе биде потребно.

ЕБОР, која е создадена во 1991 година за да им помага на земјите од комунистичкиот блок во Источна Европа, денеска соопшти дека стендбај кредитната линија има за цел да го зголеми капацитетот на Албанската агенција за осигурување на депозитите, за да ги заштити депозитите на вкупна вредност од 6,98 милијарди евра. Банката, исто така, предложи неповратна помош од 300.000 евра за Агенцијата.

Оваа година Тирана доби кредит од 162 милиона евра од Светска банка и кредит од 331 милион евра од ММФ за да го поддржи својот финансиски сектор.

Државниот долг на Албанија во 2013 година се зголеми до 70,5 отсто од бруто домашниот производ, наспроти 60 проценти претходната година.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент