Дали најстариот човек на светот е Бразилецот роден во 1888?

Од:

Вработени во еден Дом за стари лица во Бразил, сметаат дека меѓу нивните штитеници се наоѓа најстариот човек на светот.

Станува збор за Жозе Агинело душ Сантуш, поранешен земјоделски работник, во чиј извод од матична книга на родени, стои дека е роден на 7-ми јули 1888 година, што значи дека има 126 години.

Тој е корисник на Домот за стари лица „Вила Висентина“, во Баур, на југоисток на Бразил и наводно е роден само два месеци по укинување на ропството во државата.

Управникот на домот Сесар Силеира појаснува дека Сантуш во 2001 година врз основа на разговор со судија ги добил изводот од матичната книга на родените и личните документи.

-Ние само велиме дека тоа е претпоставка. Тој е разумен старец кој зборува јасно и сам ги извршува своите обврски-наведе Сикеира.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он