Франција предлага европска контрола на граничните премини меѓу Израел и Газа

Од:

Франција предлага Европската мисија за пограночна соработка да помогне во контролата на граничните премини меѓу Појасот Газа и Израел, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус.

– Европа, како што вчера му кажав на својот египетски колега, е подготвена да соработува, најмногу преку т.н. ЕУ мисија за погранично соработка, односно преку сили кои би можеле да ги контролираат граничните премини меѓу Газа и Израел, посочи Фабиус за радио „Франс култур“.

Како што јави ИТАР-ТАСС, во 2005 година ЕУ создаде мисија за давање погранична помош на граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет. Мисијата беше обновена во јуни 2007 година по изборната победа на Хамас во Газа.

– Арапските земји веќе го поддржаа овој предлог и сега е неопходно одобрението од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, објасни министерот.

Според официјален Париз, оваа мисија може да помогне во постигнување на трајно примирје меѓу Израел и Палестинците.

Ова прашање може да биде отворено на денешната вонредна средба на европските лидери во Брисел.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња