Sвездата на „Х Фактор” го најави најголемиот љубовен фестивал на Балканот!

Од:

Даниел Кајмакоски, победникот на овогодинешното издание на „Х Фактор” во соработка со белградскиот диџеј John Jogurt и дуото Calavera&Manya, ја сними химната за музичкиот фестивал Heineken Lovefest 2014, кој ќе се одржи од 7-ми до 9-ти Август во Врњачка Бања, Република Србија.

Талентираниот Македонец, во чиј глас се заљубија сите земји од поранешните Ју простори, истакна дека му било чест да соработува со млади диџеи, како и дека му претставува особено задоволство да биде дел од проект кој ја слави љубовта.

DANIEL KAJMAKOSKI

„Можам да кажам дека би беше особена чест и задоволство да соработувам со исклучиво талентирани луѓе како што се Calavera/Manaya и John Jogurt. Ме прави горд тоа што имав прилика да бидам дел од овој проект и тоа што оваа песна е избрана како официјална химна на овогодинешниот Love Festival. Сметам дека љубовта е движечка сила не само меѓу луѓето туку и во целиот Универзум и се надевам дека оваа песна ќе помогне луѓето да се потсетат кои сме и зашто сме овде”, изјави Кајмакоски.

JEFF MILLS

Осмото издание на фестивалот на љубовта ќе пречека дел од водечките претставници на светската музичка сцена, како хаус ѕвездата Eric Prydz, британските диџеи Mark Knight и James Zabiela,  како и претставниците на техно сцената на Детроит, Jeff Mills, Robert Hood и Kenny Larkin. Меѓу огромниот број изведувачи кои доаѓаат од сите страни на светот се наоѓа и холандскиот диџеј Tom Trago, германското дуо Tiefschwarz, норвешкиот суперстар Finnebassen, Doctor Dru, како и сопственикот на реномираниот „Novel Sound”, Levon Vincent. Македонски претставник на овој извонреден фестивал ќе биде одличниот Гоце САФ.

MARKO NASTIC

На сцената која е посветена на промоција на електронската музика ќе настапат и едни од најголемите регионални ѕвезди како Marko Nastić, Marko Milosavljević, Dejan Milićević, Vlada Janjić, како и минатогодишнатапобедничкананатпреварот Burn Residency Lea Dobričić.

FINNEBASSEN

Како и секоја година, музичката програма нуди артисти и за љубителите на рок и хип хоп музиката, а ѕвезди на Bushmills Love сцената ќе бидат Partibrejkersi, Bad Copy, Let 3, црногорското дуо Who See, Rambo Amadeus, Kanda Kodza I Nebojsa, VIP и многу други изведувачи кои ќе ја заокружат бројката од 40 артисти за овогодинешниот Lovefest.

Би можело да ве интересира

Победничката на UpBeat – Best New Talent Award на фестивалот Звукот на Скопје

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ

Едукација, хуманост и забава на едно место: Вечерва прво издание на „Ајде фестивалот“ чиј покровител е Хајделберг факултет

Хајделберг Факултетот во Скопје главен покровител на првото издание на „Ајде фестивалот“ во општина Аеродром

Доделена наградата „Мето Јовановски“ на официјалното отворање филмскиот фестивал „Преку езерото“ во Дојран

Галичник Филм Фестивал 2024: Прогласени победниците на петтото издание