Вечерва се очекува невреме во Македонија

Од:

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса која доаѓа од Медитеранот во текот на ноќта во Македонија се очекуваат врнежи од дожд проследени со грмежи, особено во западните делови.

Слично време се најавува и во текот на утрешниот ден кога наместа ќе има пообилни врнежи од дожд, проследени со грмежи. Локално ќе наврнат и над 30 литри на метар квадратен. Дневната температура ќе се движи од 20 до 27 степени.

Во Скопје ќе преовладува слично време со температура од 18 до 24 степени.

Во следните денови ќе очекува сончево време со умерена облачност, но во попладневните часови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе биде во пораст и кон крајот на неделата ќе се движи од 29 до 35 степени.

Управата за хидрометеролошки работи препорачува во случај на појава на електрични празнења граѓаните да бидат внимателни, да не престојуваат на отворено и под осамени дрвја.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски