Откако Лејди Гага се пофали на својот твитер профил со новата чудна фризура, која наводно ја посветила на свој близок пријател кој ја загубил мајка си, светскиот џет- сет почна да се присетува на сите чудни фирузири на славните.
Секој со свои причини, какви и да се, ова се најголемите модни фризерски промашувања кај познатите.
Џенифер Лопез се појави како “пудла“ на доделувањето на Оскарите 2002-та. Но таа не е единствена. Со лоша фирузира на црвениот тепих се има појавено уште една убавица– Скарлет Јохансон.
Во март минатата година Ријана прошета како паун – со карактеристична црна дамка на нејзиното теме.
Кога сме веќе кај пауните, многу зад нив не заостануваше ниту ѕвездата на „Американска пита“, Мена Сурвари, таа својата коса буквално ја накити со пердуви.
Во списокот на најлошие е запишана и “плетенка – афиканско племе – лоша – Бекам фризурата“
А дека парите не купуваат стил, доказ е тајкунот Доналд Трамп.
Очигледно никој не се осмелува да му каже дека само кај спротивниот пол секси изгледа плава бојадисана коса.
Во алејата на “не-славните“ се и спајс девојката Мел Би, актерката рејчел Мек Адамс, комичарот Расел Бренд, Ники Минај, Мики Рурк, екцентричната Пинк и нејзината колешка Кристина Агилера, Кејти Прајс, актерките Рејчел Меккадамс и Скарлет Јохансон, Кели Озборн, Роберт Патисон.