Може ли вирусот ебола да стигне до Европа?

Од:

Вирусот ебола како никогаш порано е раширен во Африка. Актуелното ширење на ебола вирусот е најлош показател од моментот на неговото откривање во Заир во 1976 година и експертите се немоќни да направат што било , вели Германецот Барт Јансен од Лекари без граници. Во Европа исто така биле забележани појави на ебола вирус: симптомите се откриени кај луѓе кои стигнуваат од Африка.

Се работи за Германија, Италија и Шпанија. Санитарните служби и полицијата не потврдуваат дека кај луѓето всушност е најден ебола вирус. Пациентите се отстранети од амбулантите и се сместени во карантин. Сега со нив се бават соработници од специјални одреди на полицијата во заштитна облека, кои во даден момент според се судејќи, се наоѓаат во состојба на готовност. СЗО и нејзиното специјално одделение за ебола вирус во Женева не одговара на прашањата дали навистина оваа инфекција дошла во Европа. Експертите кои ги контактиравме одговараа во завиена форма, потенцирајќи дека се може да се прецизира само во прес службата. Но, таму никој не ни одговори. Во прес службата на полицијата изјавија дека тоа не е ебола. Сепак, многу извори во Германија, Шпанија и Италија зборуваат за појава на вирус ебола на континентот. Потврдата за постоење на вирусот е отежната со тоа што неговите симптоми личат на маларија. Можеби европските ресори со сите сили се обидуваат да сокријат информации?

Состојбата во Африка

Епидемијата излезе од контролам, загрижен е оперативниот директор на Лекари без граници Барт Јансен. Со појавата на новите жаришта во Гвинеја, Сиера Леоне во Либерија, ризикот за ширење на инфекцијата денес е реален како никогаш порано. Според мислење на поранешниот директор на УНЕЈДС и актуелниот директор на Лондонското училиште за хигиена и тропска медицина Питер Пиот (овој белгиски лекар пред 40 години го откри вирусот на територијата на поранешен Заир – денешна Демократска република Конго), растот на бројот на заболените изгледа едноставно застрашувачки. Доктор Пиот смета дека епидемијата достигна невидени размери и денес воопшто не може да се контролира. Пред се, оваа епидемија не била во Западна Африка – изјави тој во интервју за Си-Ен-Ен, изразувајќи страв од понатамошно ширење на болеста и зголемување на бројот на жртвите.

Како второ, епидемијата за прв пат се појави во три земји наеднаш. Како трето, вирусот порано никогаш не се појавувал во главни градови. До неодамна болеста всушност не излегувала надвор од границите на изолираните селски области. Петер Пиот е загрижен дека вирусот може масовно да ги зафати соседните држави како Сенегал и Мали, поради лошо контролираните државни граници, пред се тоа е поврзано за трговската маршрута на локалното население. Тоа предизвикува сериозна загриженост, изјави тој. Се може да се претвори во сериозна санитарна криза, поради што, ми се чини е неопходно да се воведе вонредна состојба.

Состојбата во Европа

Европските санитарни служби не одговараат на прашањата на новинарите или се трудат да ја минимализираат опасноста. На островот Лампедуза секоја недела доаѓаат илјадници бегалци од Африка и италијанските морнари се трудат да изведат детална контрола. На 30 јуни тие соопштија на Твитер за сомнителен случај на инфективна болест на бродот Орион, иако властите не потврдија постоење на вирус ебола. Лист Палмеро соопштио дека на палубата на еден брод биле најдени 30 човечки лешеви, кои веројатно умреле од чад. На 30 јуни италијанските новинари исто така напишаа дека СЗО решила да ги испрати во карантин сите мигранти поради потенцијални опасности дека се можни носители на вирус ебола. Кон крајот на јуни соработниците на шпанската цивилна гарда кои работат на аеродромот во Валенсија соопштија дека во земјата се појавил граѓанин од Гвинеја со сомнеж на ебола грозница.

За тоа пишуваше The Spain Report 25 јуни. Гвинеецот го хоспитализирале со симптоми кои личат на ебола. На 13 мај весникот Rhein Zeitung напиша дека задржани се 30 бегалци кои се наоѓале во брз воз од правец на Париз. Според соопштенијата, еден од патниците имал симптоми на тешко заболување. На лице место дошле соработници на полицијата во заштитна облека. Во прес службата на полициската управа на Сарбрјукен изјавија дека се работело за маларија и дека со боз патувале граѓани од Еритреја и Сирија. Немале документи, поради што нема едноставно да утврдат од каде точно стигнале во Европа. Во секој случај, некои извори потврдуваат присуство на вирус ебола на европскиот континент. Така во едни италијански весници се истакнува дека во април оваа година биле регистрирани 40 случаи на заболени. На 5 јули во репортажа на Евроњуз се соопштуваше за јакнење на епидемијата.

Гласот на Русија – Москва

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он