МЗТ Скопје Аеродром новата сезона во АБА лигата ја почнува на гости против Мега Визура

Од:

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром новата сезона во АБА лигата ќе ја почне со гостувањето против Мега Визура.

Тимот на Мега Визура своите натпревари оваа сезона ќе ги игра во Сремска Митровица. Натпреварите од воведното коло ќе се играат од 3 до 5 октомври. Извлекувањето на броевите за распоредот на натпреварите се одржа во Загреб.

Во првото коло двојките се: Мега Визура – МЗТ Скопје Аеродром, Цибона – Унион Олимпија, Црвена Звезда – Левски, Задар – Игокеа, Будуќност – Раднички, Шолнок – Партизан и Крка – Цедевита.

МЗТ Скопје Аеродром првиот натпревар дома од третата сезона во АБА лигата ќе го игра во второто коло, а во Скопје ќе гостува Задар. Актуелниот шампион Цедевита во рамки од 6.коло ќе биде гостин на македонскиот првак.

Последното коло од регуларниот дел ќе се игра во термините од 20 до 23 март 2015 година, по кое ќе следуваат плеј оф дуелите.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска