Иако зачекори во петтото десетлетие, супермоделот од 90-те Синди Крафорд сеуште воодушевува со својата појава. Лицето без брчки без интервенции на пластичната хирургија и виткото тело, и понатаму се капитал со кој високо котира.
Здравиот живот, нејзиниот систем на вежби што го следеа илјадници жени, се единствените корективни методи кои Синди ги користеше во текот на нејзината долгогодишна кариера на супермодел. Телото, на кое можат да и завидуваат и многу помладите колешки, како и лицето на кое времето не остава траги, Синди спремно ги покажува во бројните едиторијали и дваесет години откако со колешките Наоми Кембел, Линда Евангелиста и Кристи Тарлингтон го обележаа златното време на супермоделите.