Владимир Милчин, директорот на Фондацијата Отворено општество – Македонија за 24 Вести го коментираше тоа што Фондацијата провладините медиумите ја посочуваат како поддржувач на настаните по пресудата за „Монструм“ и за измислените тајни средби на кои, наводно, се договарало како протестите да донесат политички бенефит и да предизвикаат „меѓуетнички тензии“ – Потребата да се измислуваат внатрешни неријатели е поради тоа да се свртува вниманието на граѓаните, кои треба да бидат слепи за штетите кои им ги нанесуваат политичарите.
– Власта има медиумска империја која шири омраза, а Фондацијата поддржува само еден грст медиуми. Па, ми се измислуваат тајни средби, кои не сум ги имал. Тоа се инструменти на тајни полиции, вели Милчин.
Тој смета дека власта ги преминала границите и создала подрачје на несигурност, недоверба и на страв, во кое, како што вели, ризиците се огромни.
– Тие се однесуваат како да можат да го менаџираат и тоа што не можат. Тогаш на граѓаните, односно на граѓанското општесто, и на индивидуаите и на институциите, им останува да ги градат мостовите што ги уриваат политичарите. Ние сме должни тоа да го направиме, вели Милчин за „24 Вести“.