Судењето на јужноафриканскиот параолимпиец Оскар Писториус обвинет за убиство на својата девојка Риве Стенкемп, ќе заврши на 7 и 8 август.
Писториус на 14 февруари, минатата година, во својот дом во Преторија од огнено оружје смртоносно ја застрелал својата девојка Стенкемп. Неговиот адвокатот Бери Ру изјави дека завршил со испрашувањето на сведоците, додека јавниот обвинител Гери Нил најави дека Oбвинителството ќе го има завршниот збор на 30 јули, а одбраната тоа ќе го стори на 4 август.
Нели и Ру се договориле дека во судницата ќе се вратат на 7 август кога ќе ги презентираат и последните аргументи пред судијата Токозиле Масипе.
Иако Писториус се бранеше со тврдењето дека својата девојка ја убил по грешка мислејќи дека таа е провалник во неговата куќа, сепак Oбвинителството го тврди спротивното, односно дека Писториус делото го извршил со умисла по претходно настанатата кавгата меѓу обвинетиот и убиената. Судот веќе одлучи дека Писториус бил свесен за постапката иако претходно атлетичарот тврдеше дека делото го сторил во афектна состојба.