ВИДЕО: Протест поради „Монструм“ во Куманово

Од:

Стотици демонстранти денеска се собраа пред зградата на ЗИК во Куманово, каде одржаа мирен протест, изразувајќи го незадоволството од пресудата за случајот „Монструм“. Демонстрантите извикуваа „УЧК“, „Голема Албанија“, „Јанкуловска терорист“.

protestKumanovo-8juli2

Протестот продолжи по улицата Трета МУБ, Гоце Делчев до пред Основниот суд во градот.

Тие истакнаа дека протестираат против судската власт во Македонија, поточно како што рекоа против селективна правда и побараа ЕУ и САД да се вклучат во овој процес.

-Младите се солидаризираат со осудените од случајот „Монструм“, со нивните семејства и со сите демонстранти од другите градови. Апелираме до Европската унија и САД да работат на овој процес за да запре. Убиство во Смилковското езерото го знаат само државните органи, кои го скенираа овој настан. Оние кои треба да бидат казнети се службени лица на МВР, кои на првиот ден „ја згазија“ презумпцијата на невиност, изјавувајќи гордо дека фатија терористички исламисти, заборавајќи дека Албанците се мултирелигиозни-изјавија демонстрантите.

– Немам што да кажам, немам што да зборувам, знаат оние од врвот кој е виновен – изјави еден од демонстрантите.

protestKumanovo-8juli1

Ова е втор протест во Куманово во рок од седум дена.

Е.Г.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манојловска: Се редат скандали во Куманово – фирми на роднини добиваат тендери од Димитриевски

Голем пожар крај Куманово: Изгореа куќа, сандаци за пчели и ниви со насади

Горан Наумовски

Од менувачница го следеа до дома, го удрија, па го ограбија – кривична за двајца кумановци

А1он

Убиен за 10.000 евра бидејќи се сомневале дека предал дел од обвинетите за „Монструм“

Влегло во погрешен автобус, завршило во Скопје – пронајдено шестгодишното девојче од Куманово

Катерина Ѓуровски

60-годишен кумановец загина од експлозија на плинска боца