Германскиот шампион Баерн Минхен денеска го претстави Роберт Левандовски, своето најголемо засилување за новата сезона.
Левандовски минатите четири години со успех го носеше дресот на Борусија Дортмунд. На 131 натпревар за „милионерите“ постигнал 74 голови.
Полскиот репрезентативец со баварскиот клуб потпиша петгодишен договор и ќе биде прва опција во нападот за тренерот Пеп Гвардиола. Доказ за тоа е што ќе го носи дресот со бројот 9, досега резервиран за Марио Манџукиќ.
Со Левандовски во тимот Баерн амбициите на Баерн се одбрана на титулата во Бундес лигата и напад на европскиот трон на кој се наоѓа Реал Мадрид.