Пренатална психологија: Бебето чувствува исто што и мајката

Од:

Имајќи предвид дека детето пред раѓањето е дел од вашето тело, тоа со вас го дели сето она што го доживувате. Иако не е свесно за значењето на вашите мисли, тоа ги чувствува позитивните и негативните емоции, кои од нив произлегуваат.

Освен здравата храна, на која во голема мера се посветува внимание, бремените жени мораат да внимаваат и со какви мисли ја хранат свеста на своето дете.

Од шестиот месец фетусот преку хормоните ги дели со мајката своите емоции поврзани со одредени ситуации. Кога мајката е под стрес, плодот е поактивен. Доколку подолго време е изложена на стрес, активноста на плодот може да биде и десет пати поголема од нормалната.

Депресијата се пренесува

Физичкиот и менталниот простор, кој во текот на девет месеци го делите со вашето бебе е заеднички. Да се биде свесен за тоа значи да се одбере, кое расположение и мисли му ги нудите. Имено постои силна тенденција анксиозните и вознемирените мајки да родат исто такво дете. Некои бебиња биле толку изложени на мајчината напнатост и депресија, така што и самите се родени такви. Секако тука не станува збор за напнатост, која не може да се избегне ниту во најидеални услови, туку на емоционални проблеми и константна изложеност на стрес, кои го формираат мајчиното расположение во текот на бременоста, а со самото тоа и психата на детето. Екстремниот стрес во поодминатата бременост може да предизвика и предвремено породување и губење на тежината и физичкиот напредок на бебето во деновите кога тоа му е потребно. Научно е докажано дека бебињата на депресивните мајки повеќе плачат.

Мал детектор на емоции

Ставот на мајката за самата бременост и за плодот е исклучително важен. Во рамки на истражувањето, кое психијатарот Џерар Ротман од Универзитетот во Салцбург ги подложил бремените жени на психолошки тестови, е утврдено дека мајчината желба за детето е мошне важен фактор. Доколку жените подобро ја прифатиле бременоста, нивните бебиња на раѓањето и во подоцнежниот период биле ментално и физички поздрави од бебињата, чии мајки имале поинаков став.

Докажано е дека фетусот е способен не само да разликува љубов од отфрлување, тики и да препознае и да изреагира на амбивалентните (поделени) мајчински чувста поврзани со бременоста.

Мајчините чувства и расположенија, освен со хормоните се поврзани и со невротрансмитерите, кои низ крвотокот и постелката допираат до мозокот на фетусот.  Невротрансмитерите влијаат на крвните садови, така што стресот во таа ситуација може да предизвика послаб проток на хранливи материи, кои преку крвта достигнува до постелката. Невротрансмитерите директно влијаат на мозокот на плодот, а со самото тоа и на неговото расположение, кое преку нив се пренесува од мајката на бебето.

Жените, кај кои психолошките тестови покажале дека сакаат деца имале полесна бременост, помалку проблеми на породувањето и физички и емотивно најздрави новороденчиња. Исто така е докажано дека најголемиот број бремени жени со тешки епизоди на повраќање во првото тримесечие од бременоста имаат токму амбивалентан став кон својата бременост. Децата со мала тежина се раѓале токму во оваа група.

Лош брак

Многу истражувачи тврдат дека лошиот брак или врска се најчеста причина за емотивните и психичките оштетувања на плодот во матката. По набљудувањетом на над 1.300 деца и нивните семејства, проценето е дека жените кои се „заробени“ во лоши и деструктивни бракови, имаат дури 237 отсто поголем ризик од донесување на свет на емотивно и психички оштетено дете, отколку жените во сигурни и стабилни врски. Новороденчињата од несреќни бракови се пет пати поплашливи, отколку децата од среќни врски. Како последица на пренаталниот стрес, кој го делеле со мајката, овие деца можат да бидат поситни, поплашливи и емотивно повеќе зависни од мајката.

Лековита насмевка

Најдобро решение и превентива од лошите емоции и грижи е опуштеноста. Смејте се што е можно повеќе и создавајте околу себе и за себе пријатна, опуштена атмосфера. Постои поговорка „Смејте се за да бидете среќни, а не затоа што сте среќни“. Негувајте позитивен став кон својата бременост, кон животот воопшто. Пренаталните истражувања не покажале во која мера нашите мисли можат да влија врз младиот живот, кој го носиме, но сепак се знае дека нашето влијание е навистина големо, дури може да се каже и доминантно. Затоа уште во стомакот воспоставетете близок однос со вашет бебе – тоа знае да препознае и почувствува љубов.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска