Белата куќа нема коментар за германскиот шпион

Од:

САД се воздржуваат од коментари во врска со информацијата за германскиот двоен агент, кој наводно работел за нив, но потврдуваат дека ќе соработуваат со Берлин со цел да се реши овој спор, пренесуваат агенциите.

-Ќе соработуваме со Германија, со цел ова прашање да се реши на вистински начин, изјави портпаролот , Јосх Еарнест, од Белата куќа, додавајќи дека не може да зборува за прашањето во врска со разузнавачките служби.

Тој потврди дека односите помеѓу САД и Германија се особено важни и дека партнерството помеѓу двете држави е изградено врз основа на почит, долгогодишна соработка и заеднички интереси.

Германски весник објави дека агентот работел за германската разузнавачка служба БНД, но и за ЦИА, поради што на САД им предал повеќе од 200 тајни документи.

Односите помеѓу овие две држави веќе се нарушени, бидејќи поранешниот службеник на НСА, Едвард Сноуден, пред неколку месеци објави информации дека САД ги шпионирал Германците, особено мобилните телефони на германската канцеларка, Ангела Меркел.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин