Научници во САД дале кисело млеко на глувци – резултатот предизвика паника

Од:

Мувла која минатата година се појави во неколку серии на кисело млеко на американската марка Чобани (Chobani), е поопасна отколку што тогаш призна производителот, укажува научно истражување.

Компанијата која тврди дека нејзиниот производ е „најдобар грчки јогурт во Америка“, лани од продажба повлече пакување на кисело млеко произвдено во септември и октомври во американската сојузна држава Ајдахо. Повеќе од 300 купувачи тогаш пријавиле надуеност, пролив и повраќање.

Производителот потоа процени дека е малку веројатно „тој вид мувла да има негативни ефекти за здравјето“, но сепак повлече дел од производите.

Научници во Универзитетот Дјук во Северна Каролина, во списанието мБио укажуваат дека тој вид мувла може да биде смртоносна и тоа го докажале со давање на тој производ на глувци кои се разболеле и угинале.

Истражувачите користеле едно пакување на киселото млеко кое им го испратил купувач од Тексас кој се разболел. Лабораторијата покажала дека во киселото млеко постоела габа “Mucor circinelloides (Mucor circinelloides f. Circinelloides, MCC)”, која е поврзана со голем број болести кај луѓето. Тие наведуваат низа случаи од стручна литература дека таа бактерија „по конзумирање контаминирана храна или лекови може да предизвика инфекции опасни по животот на луѓе“.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он