Закани за шкотските фирми кои се противат на отцепувањето од Велика Британија

Од:

Шкотските фирми и компании кои се противат на отцепувањето на Шкотска од Велика Британија се изложени на постојан притисок, како и на закани од функционери на владеjачката Шкотска национална партија (СНП) која е предводник на сепаратистичката кампања и на луѓе во кабинетот на првот министер Алекс Салмонд, со цел да не зборуваат во прилог на кампањата „Заедно е подобро“.

Високи функционери и бизнис лидери во 19 фирми во Шкотска биле соочени со закани за одмазда доколку јавно се определуваат „пробритански“.

Според извори на Шкотската асоцијација на бизнисмените, на кои се повикаува британската телевизија Канал 4, петмина од 50 истакнати шкотски бизнисмени биле прозвани од министри во шкотската Влада, поради нивниот став за референдумот за независност.

Некои од нив биле повеќепати повикувани преку телефон, а други биле посетувани од угледни сепаратисти и функционери на СНП и на шкотската Влада.

Други 14 бизнисмени биле изложени на силен притисок да престанат да зборуваат за референдумот, а посебно да не се изјаснуваат пробритански во шкотската јавност. Меѓу нив се и бизнис лидери од Асоцијацијата на произодители на шкотското виски.

Притисокот и заканите биле засилени по решението на раководството на кампанијата за виски „Грант“ да донира висок износ пари за кампањата која бара од Шкотланѓаните да гласаат за останување на Шкотска во Велика Британија.

Откритието за притисоците на сепаратистите врз бизнис елитата која во големо мнозинство се противи на отцепувањето, доаѓа по соопштението на кампањата „Заедно е подобро“ што ја предводи поранешиот британски министер за финансии Алистер Дарлинг, дека тие се убедени оти мнозинството гласачи на референдумот ќе гласаат против отцепувањето.

Според Дарлинг, кој е роден Шкотланѓанец, мнозинството од луѓето ги земаат предвид економските предности од заедничкото живеење.

Претставник на СНП ги отфрли како „сосема неточни“ обвинувањето од шкотските бизнисмени дека врз нив се врши притисок да не агитираат против независноста.

Референдумот во Шкотска ќе се оддржи на 18 септември и последните мерења на расположението на гласачите, направени на крајот на минатиот и на почетокот од овој месец, покажуваат дека 39 отсто од гласачите се за независност, додека другите 61 отсто се протуват на отцепувањето.

Би можело да ве интересира

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

ВИДЕО: 77 китови се насукаа и угинаа на брегот на Шкотска

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски