ЛДП: Има ли Македонија претседател и премиер?

Од:

Скопје во петокот наликуваше на Бејрут, ден по пресудата за случајот „Монструм“.

Шок бомби и водени топови, каменување, повредени, приведени, крвави сцени, искршени стакла, превртени контејнери. Оваа слика, за жал, премиерот не ја виде. Веќе стана пракса, за секој инцидент, за секоја афера, вест за поскапувања, лоши оценки од меѓународната јавност, нашиот премиер дознава на едно од своите роуд шоуа.

Не беше тука ниту кога беа убиени петте лица на Смиљковското езеро кога се појави четири дена подоцна за да изрази жалење.Иронично, не е тука ни сега, кога се донесе пресудата. Премиерот е далеку од Македонија, секогаш кога е потребно да биде во државата.

Истовремено, го нема ни „таткото на нацијата“. Каде е Иванов по инаугурацијата?
Нашиот претседател, не сакајќи да си ја наруши удобноста од претседателската функција, учествува на разни пивтијади и калинкијади, држи пригодни напишани говори, или пак се појавува на по некој концерт.

Претседателот по „независните“телевизии се смешка на снимките што треба да ја прикажат лажната слика за мирна и стабилна Македонија.

ЛДП го прашува премиерот: Кои чекори ќе ги превземете откако ќе се вратите од којзнае кое по ред роуд шоу од кои досега инвестиција не видовме? Има ли Владата воопшто концепт како да се справи со оваа ситуација?

Дали и ова е за вас една вообичаена немила сцена која нема да предизвика меѓуетнички тензии, туку ќе биде само епизода која„помага“ граѓаните да ја заборават сиромаштијата во која сме длабоко забраздени?

Видете ги сликите од Македонија деновиве, додека шетате под сенките на бонсаи дрвјата во спокојната Јапонија и кажете ни дали било кој инвеститор ќе сака и еден долар да вложи во земја во која младите место на работното место се на улиците и се пресметуваат со камења?

Новиот ценовен шок не може да го поттурнете под тепих.

Премиере и претседателе, охрабрете се и појавете се. Охрабрете го народот да ги смири тензиите кои некој ги потхранува. Кажувањето на вистината, верувајте, е единствен начин да се почне, конечно со решавање на напластените проблеми.
Во спротивно, ЛДП предупредува на можно ново нарушување на меѓуетничките односи, кое може да има несогледливи последици.

Би можело да ве интересира

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба

Вучиќ: Нема повторно да се кандидирам за претседател

ЛДП: Прифатен уште еден наш предлог, до15 септември таблички во различна боја за државните службени возила