Quo vadis Претседателе?

Од:

Не само политичките субјекти со опозициска провиненција, туку и голем дел од слободоумните граѓани, посебно оние со интелектуален интегритет, едноставно се загрижени поради нестандардниот, непродуктивен и безбоен однос на претседателот на Република Македонија. Едноставно со функцијата што му е доверена, господинот претседател Ѓорѓе Иванов го нарушува дигнитетот и угледот на Република Македонија.

Место да ги потикнува процесите за севкупен напредок на државата, претседателот Ѓорѓе Иванов за сето време нуди движење во место. Со тоа успешно се здоби со имиџ на технички претседател на Република Македонија, односно на “кукла” во рацете на владеачките структути.
Ниту остава впечаток како Врховен командант на АРМ (наредбата за водење истрага на една кристално јасна диверзија за случајот Слупчане), ниту пак, како најодговорен за надворешната политика на државата! Гаф, до гаф.., човек книга да напише: “разумен компромис”, “НАТО да ја преиспита својата одлука од Букурешт”, “интеграција без асимилација” – позајмена доктрина на Ататурк за укинување на исламизацијата, нешто што припаѓа на едно друго време!

Поканата до Папуљас за посета на Македонија, без истото да биде договорено по дипломатски пат што е стандард за реализација на средби на највисоко ниво? Неговиот однос спрема македонската дпломатија едноставно е тотално неодговорен; потпишува акредитивни писма за амбасадори кои не ги видел, ниту пак изразил интерес за тоа.

Како гарант на Уставот на Република Македонија, без никаква забелешка ја спроведува политиката на Сообранието, потпишувајќи ги сите досега изгласани закони, па и оние што доживееале крах од Уставниот суд. Како Универзитетски професор посебно е впечатливо неговото набрзина, за неколку часа потпишување на измените на Законот за Високото образование и покрај јавниот протест на над 300 негови колеги, Универзитетски професори!

Најсвеж пример за неговата севкупна ваква досегашна активност се штотуку завршените средби и разговори што ги имаше во Брисел со Генералниот секретар на НАТО Расумсен. Зарем на Претседателот Иванов не му беше доволно јасен ставот на Расумсен со одговорот што го даде во врска со пресудата на Европскиот суд на правдата, “дека судските одлуки на тој суд не се обврзувачки за НАТО”, што сега и го повтори. Што ли очекуваше Претседателот Иванов? Со која намера и со кои предлози г-дин. Иванов отпатува во Брисел на разговори? Кои беа неговите подготовки за таа средба? Не еднаш се декларирани кристално јасните ставови на НАТО – “решете го проблемот за името со Грција”. Ами, има ли воопшто претседателот советници политиколози, ако веќе тоа не е “неговата” примарна професија!?

Повикувањето на претседателот Иванов дека за приемот на Грција во НАТО не се барало Грција да ги реши отворените проблеми со соседите, е вулгарно депласирана работа? Зарем не знае дека Грција е примена во услови на “студената војна”. Во тоа време НАТО и нудеше и на поранешна Југославија (во тој состав и Република Македонија), да се зачлени во НАТО. Таа консталација на силите во тогашниот Свет со денешната е апсурдна и речиси срамна.

По разговорите во Охрид со заменикот на помошникот на Државниот секретар на САД, г-дин. Филип Рикер, зарем не му беше јасно дека е непроменет ставот на Алијансата? Зарем очекуваше одлука од повисока хиерархиска инстанца – Расумнсен. Г-ди. Филип Рикер е официјален претставник на САД, основополагач на НАТО со најголема финансиска, воена, политичка и економска партиципација. Расумсен има извршна функција, а тоа е огромна разлика? Во случајов, оваа и ваква средба со Расумсен беше без било каква потреба.

Во ходниците на НАТО во Брисел, претпоставувам се коментирал настапот на г-дин. Ѓорѓе Иванов (Претседател на Република Македонија) – „човеков не ја знае разликата помеѓу тоалетна вода и вода во тоалетот”.

М-р Сања Ристиќ, политиколог – Координатор на Комисијата за Надворешна политика и евроинтеграции во ВМРО – Народна Партија

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска