Шеснаесет виетнамски војници загинаа при пад на воен хеликоптер во Ханој. Хеликоптерот Ми-171 се урнал за време на вежбовен лет, 15 минути по полетувањето.
Воената болница соопшти дека загинале 16 војници и петмина се тешко повредени. Според воената команда, хеликоптерот се урнал во поле на помалку од еден километар од пазар во реонот Хоалак.
При падот нанесени се и оштетувања на станбени згради, но нема жртви меѓу цивилните жители.