Приведен новинар на „Лајм“

Од:

Од рекакцијата на Лајм тврдат дека на протестите бил уапсен нивен колега практикант.

„Уапсен е новинар (практикант) на весникот „Лајм“ Бесим Ибрахими, кој што излегол денеска за да известува од денешните протести во Скопје.

Тој не информираше по телефон дека се наоѓа во полициско комбе и дека го носат во некоја од полициските станици, но не успеа да ни каже за околностите и причините за кои е уапсен. Тој беше уапсен во 15:20 часот. Се обидовме да го добиеме повторно на телефон, но иако телефонот е функционален, не добивме одговор.

„Лајм“ бара од МВР и други надлежни органи веднаш да го ослободи нашиот колега Ибрахими, додека од ЗНМ бараме да реагира што е можно побрзо за случајот. Колегата Бесим Ибрахими од пред два месеца е ангажиран како практикант новинар во “Лајм”. Редакцијата на “Лајм” ќе ги преземе сите неопходни мерки за ослободување на колегата Ибрахими“, соопштуваат од „Лајм“.

Би можело да ве интересира

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ССНМ и „Еднаква“: Новинарките сепак известуваат, не можете да ги замолчите

Горан Наумовски

Рекорден број на убиени новинари во 2025 година, Израел е одговорен за две третини од убиствата

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Меѓународна федерација на новинари: 128 новинари и медиумски работници убиени низ целиот свет во 2025 година

Пентагон воведува строги ограничувања за новинарите