Како телото се подготвува за будење

Од:

Како што различни апликации и часовници треба да ве разбудат постепено, така и нашето тело се обидува да го постигне тоа истото.

За да почне што полесно, организмот во последната фаза на сонот произведува нешто повеќе хормони поврзани со стресот, подготвувајќи го телото за будење,  изјави професорот по психологија др. Јан Борн.

При спроведувањето на студијата, Борн и неговиот тим открија дека хормонот адренокортикотропин се произведува во голема количина кога лицето очекува дека ќе биде разбудено во одредено време.

Во овој експеримент, волонтерите на спиење оделе на полноќ, а им било речено дека алармот ќе би буди едно утро во шест, а наредните два дена во девет часот.

– Кога очекувале дека часовникот ќе заѕвони во шест часот, постои дополнително зголемување на производство на хормонот  адренокортикотропин непосредно пред будењето. Кај волонтерите кои очекувале будење во девет часот немало пораст на овој хормон, објасни др. Борн.

Иако будењето непосредно пред звукот на алармот често го препишување на навиката да стануваме рано, по се изгледака е обратно. Имено, др. Борн објасни дека пред звукот на алармот најчесто се будат оние кои не навикнале рано да стануваат. Сепак, не е познато зошто кај нив во последната фаза на сонот се зголемува нивото на хормонот поврзан со стресот.

– Секој човек има различен внатрешен часовник. Варијациите во геите одлучуваат кој од нас ќе биде природно “навиен“ да станува рано, а кој нема, рече др. Лучијано ди Тачио.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он