Американските власти наредија евакуација на жителите на островот Хатерас на атлантското крајбрежје покрај сојузната држава Северна Каролина поради приближувањето на тропската бура Артур.
Властите на локалните жители и на туристите на популарниот остров им препорачаа да го напуштат денеска што е можно побрзо со цел да ја избегнат евентуалната опасност.
Метеролозите прогнозираат дека бурата со себе ќе донесе поројни дождови и ветрови со брзина од над 110 километри на час.
Според метеоролозите Артур, првата тропска бура оваа сезона во моментов се наоѓа на околу 650 километри југозападно од Хатерас и се очекува на островот да пристигна утре изутрина, кога ќе зајакне и ќе се трансформира во ураган од прва каегорија.
Синоптичарите веќе ја предвидуваат трасата на движењето на Артур кон север и се издадени предупредувања за веројатната опасност во речиси целиот североисточен дел на САД, дури до Бостон, во државата Масачусетс.