Во брод со имигранти пронајдени 45 тела

Од:

Италијанските спасувачи кои извлекуваа тела на имигранти кои починале од гушење во преполниот рибарскиброд на патот од Северна Африка кон Сицилија, денеска соопштија дека пронашле 45 тела.

Пожарникарите во заштитни одела со часови се обидувале да го пробијат тесниот пролаз под палубата, за да стигнат до телата на жртвите.

Преживеаните имигранти изјавија дека луѓето кои ги превезувале за пари ги принудиле да влезат под палубата, да ја затворат вратата и покрај нивните повици дека умираат од жештината, недостиг на кислород и испарување на моторот.

Лекарите потврдија дека 45 жртви се возрасни мажи од Централна Африка.

Жртвите се пронајдени во неделата кога италијанската крајбрежна стража пресретна брод до околу 600 илегални имигранти од Сирија, од Еритреја, од Сомалија и од Камерун кон брегот на Сицилија. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески