(ВИДЕО) ЗНМ: Владата скришно крои измени на законот за медиуми

Од:

Здружението на новинари остро реагира на одлуката на владата која по скратена постапка предлага измени и дополнување на Законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги, кои денеска се на дневен ред на собраниска седница.

Претседателот на ЗНМ го изрази незадоволството од начинот на кој владата ги менува медиумските закони, нетранспарентно и без сериозно образложение. Посочи дека во ниту една демократска земја медиумските закони не се носат без јавна расправа и без присуство на опозицијата во Парламентот, заради важната улога што ја имаат медиумите во секое демократско општество.

„Со ваквото однесување на владата, кое е во спротивност со европските стандарди и практики, не може да се подобри и така влошениот имиџ на земјата во светот заради непочитување на слободата на изразувањето и слободата на медиумите. За драматичното паѓање на Македонија на светските ранг листи за слобода на изразување , владата одговорноста не треба да ја бара кај други, туку да сфати дека со нејзиното однесување во голема мера придонесува за ваквата состојба.Апелираме владата да ги повлече од собраниска процедура измените и дополнувањата на законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и да се даде можност на новинарските и медиумските организации да се произнесат за нив“, изјави Насер Селмани.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

ЗНМ: Извештајот на „Репортери без граници“ е реален показател за потребата од реформи во медиумскиот сектор

Катерина Ѓуровски

ЗНМ со реакција на одлуките на Апелациониот суд Скопје за нападите на 27 април

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат