Поскапувањето на струјата за 3,47 отсто и новата цена од плус два денари на бензинот дополнително ќе го отежнат семејниот буџет кој и така е оптоварен со еден куп давачки кон државата.
Граѓаните не се согласуваат со новиот бран поскапувања, но објаснуваат ако досега правеле математики да се подмират давачките, сега тоа ќе биде уште потешко. Стравуваат дека поскапата струја и бензин, ќе предзвика ланчано поскапување на основните прозиводи како на пример лебот кој веќе одредени пекари го продаваат за два денари поскапо, млекото но и месото кое се почесто се купува како што велат за „специјални“ поводи.
Повозрасните граѓани велат дека нивните скромни пензии со се покачувањата не стигнуваат да се покријат месечните потреби на нивните семејства оти единствен приход се нивните пензии.
Бојан Стојановски