Кочанчани од денеска пијат поскапа вода

Од:

Паралелно со воведување наплата на паркинг простор, од денеска кочанчани ќе пијат поскапа вода а истовремено ќе плаќаат и за 150 проценти повисока цена за одводнување на одпадната вода.

Водата за пиење поскапе за 11 проценти односно за 4 денари по метар кубен за граѓаните и сега ќе изнесува 35 денари за метар кубен, додека претпријатијата ќе плаќаат за 4,5 денари повеќе.

За канализација кочанчани наместо 6 денари по метар 3 одводна одпадна вода како досега, во иднина ќе плаќаат по 15 денари.

– Од денеска ја зголемуваме цената на водата за пиење како и услугата за одпадната вода. Ова е одлука на Управниот одбор на КЈП „Водовод“ како и на Советот на општина Кочани. Новата цена ке овозможи поголем прилив на средства, успешно работење, како и навремено сервисирање на обврските кои произлегуваат од експлоатацијата на водата во општината, изјави Љупчо Папазов, директор на КЈП „Водовод“.

Инаку, со зголемените цени за кочанчани сметките за јули ке бидат повисоки за 40 проценти.

Би можело да ве интересира

Александар Карадакоски ќе биде погребан утре во 14 часот на Градските гробишта во Кочани

Јован Костадинов: Нe бев сам, имаше и други херои кои помагаа

Протестен марш во Кочани: „Кој ги уби нашите ангели, кој ги уби нашите херои и кој ги пеплоса тие ангелски лица“

Тројца пациенти денеска се враќаат од Шведска и Грција

Насилник од Кочани на поранешна партнерка и на нејзиното дете им праќал вознемирувачки пораки

На истражните органи им е предадена целата медицинска документација за пожарот во Кочани