Струјата поскапува за 3,5% од 1. јули. Регулаторната комисија за енергетика ги финиширала пресметките за корекција на цената, при што енергетските компании прикажале зголемени трошоци, jавува порталот Фактор.
Регулаторот дополнително барал објаснување и од ЕЛЕМ и од МЕПСО и од ЕВН Македонија за прикажаните трошоци по што пресметал дека крајната цена за домаќинствата треба да биде повисока за 3,5%.
Зголемувањето е утврдено согласно пресметките на енергетските компании кои минатиот месец ги доставија трошоците до Регулаторна комисија за енергетика.
Според најновите правила, цената на струјата се утврдува еднаш во годината и важи од 1 јули. Регулаторот сега ја дефинира цената само за домаќинствата, но од 1 јануари 2015 година се очекува со целосното отворање на пазарот цената да се формира слободно.