Вселена: Дали сме сами?!

Од:

За првпат можеме да кажеме дека имаме планета, дека сме откриле планета, која е со големина на Земјата и орбитира околу нејзиното сонце, на оддалеченост поволна за живот

Не толку голема, но не и толку мала. Не е вжештена, но не е ни студена.

Кеплер 185Ф, новата откриена планета изгледа токму како планета на која може да има живот сличен на нашата планета Земја, сметаат астрономите и научниците од НАСА, американска агенција за истражување на вселената и астрофизичари од два американски престижни Универзитети.

Оддалечена е околу 500 светлосни години, голема е колку нашата земја и кружи околу ѕвезда, која е нејзиното сонце, на оддалеченост која е потребна за создавање на вода, клучен услов за постоење на некакви облици на живот, познати на луѓето.

Дали треба да се биде внимателен и да не се брза со заклучок дека планетата Кеплер 186Ф е како Земјата, истакнува Елиса Квинтана, научничка од НАСА.

– Таа планета е како роднина на Земјата. Има некои карактеристики на нашата планета, но ѕвездите од кои веројатно настанала се многу различни.

Планетата Кеплер 186Ф кружи околу ѕвезда која според големината и вжештеноста е помала од нашето Сонце. Во студијата објавена во магазинот „Наука“, астрономите наведуваат дека новооткриената планета е послична на Земјата отколку од некои стотици порано откриени планети.

Некои од тие планети се огромни топки обвиткани со густа, непроѕирна гасовита атмосфера. Други орбитираат премногу блиску на вжарените ѕвезди, сонцата, за да има живот на нив. Само две планети, нешто поголеми од Земјата, откриени минатата година орбитираат на соодветна оддалеченост и можат да бидат места за постоење на некои форми на живот.

– Првпат всушност ние можеме да кажеме дека имаме планета, дека сме откриле планета која е со големина на Земјата и орбитира околу нејзиното сонце, на оддалеченост поволна за живот, вели научникот Квантана за планетата Кеплер 186Ф.

Првпат, но не и последен, вели астрофизичарката од Институтот за технологија на Универзитетот во Масачусетс, Сара Сигер:

– Со децении чекаме да откриеме и дознаеме дали има живот на други планети… И какви би можеле да бидат тие планети. Откривањето на планетата Кеплер 186Ф е силен мотив да одиме понатаму.

Следниот чекор е потрага по знаци на живот во тој со светлосни години оддалечен свет. Потребни се нови, помоќни вселенски телескопи. Намалување во американските буџетски трошоци за ограничување на научните мисии од таков вид, вели астрофизичарот на Универзитетот Калифорнија во Лос Анџелес, Бен Закерман:

– Во принцип, тоа можеме да го направиме за 10 до 20 години. Практично без пари, тоа нема да се случи. На пример, не до крајот на мојот живот.

Занемарувајќи ги овоземските финансиски грижи, научникот на НАСА Елиса Квинтана верува дека еден ден новата помоќна генерација на телескопи ќе биде лансирана во вселената, ќе се открие дека ние луѓето, не сме сами во огромното вселенско пространство:

– Јас сум оптимист. Мислам дека во Вселената има и други форми на живот. Сите тие ѕвезди, стотици милијарди ѕвезди… Веројатноста дека на некоја од нив може да има живот е многу голема. Но, сигурно е дека за тоа секој жител на нашата планета има свое мислење.

Потрагата по живот на некои други планети ќе продолжи, тоа е сосема извесно. ДО кога и колку долго, со години, децении, векови… тешко е да се претпостави.

Гласот на Америка – Вашингтон

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ