Алисија Монтано иако пет пати беше првак на Америка во атлетика, таа во недела го постигна својот најголем успех.
Поранешната калифорниска ѕвезда ја заврши трката на 800 метри, но тоа воопшто не би било изненадувачки доколку не е во деветиот месец од бременоста.
Монтано, која на светот треба да го донесе своето прво дете, патеката ја претрча за две минути и 32 секунди.
-Трчав во текот на целата бременост и навистина се чувствувам добро, мислам дека и на бебето му е добро. Бремените жени треба да се занимаваат со спорт и со она што им одговара, без оглед во кој месец се-изјави таа.
Е. Г.