Претседател на ДПА Мендух Тачи денеска во седиштето на партијата во Тетово се сретна со новиот амбасадор на Албанија во земјата, Петрит Бушати.
Како што соопшти партијата, Тачи му ја честита на Бушати одлуката на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, за доделување статус на земја кандидат на Република Албанија, која вели, е од значење за сите Албанци каде и да живеат.
На средбата соговорниците разменија мислења и за актуелните политички прашања во земјата и регионот, како и за изнаоѓање начини за поддршка и понатамошно подобрување на соработката, за да се обезбеди внатрешна хармонија и стабилност на земјата и регионот.
– Соговорници се согласија дека приоритет треба да биде зајакнувањето на соработката меѓу двете земји во повеќе области, заедно со албанскиот фактор, затоа што и двете земји имаат заедничка иднина во евроатлантските структури, се наведува во соопштението од ДПА.