Бошкоски повоторно во судот на 14. јули

Од:

Вратениот предмет „Ровер“ од Апелациониот суд повторно ќе се најде во Кривичниот суд на 14. Јули. Одбраната на обвинетите посочува дека од 15. јули судот нема да работи, така што процесот ќе почне само формално, без да има ефект или да има шанси да се заврши.

Апелациониот суд во образложението укажа дека треба да се прецизира за секој од обвинетоте посебно во што се состои нивното помагање, а пред да се прецизира тоа, не може да се почне со судење.

При процесот во првостепената постапка, направени биле битни повредни на ЗКП па оттаму пресудата за Апелацискиот суд беше нејасна и неразбирлива. Судот не успеал да ја докаже умислата на помагачите на убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев.

Одбраната на поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, сметаат дека нема никакви докази против Бошкоски.

-Таму нема никаков доказ, заштитениот сведок не е директен сведок туку е индиректен сведок. Тој не слушнал ништо директно. Нему наводно му кажал нешто Орце Коруновски, а ние немаме начин да го провериме неговиот исказ затоа што не е жив. И како може таа одлука од 12 години затвор да се заснова на ваква изјава, на никој жив не му е тоа јасно, изјави адвокатот Владимир Ракочевиќ.

Тројцата провообвинети во процесот, воопшто не беа испитани за време на истрагата за убиството, а против нив беше покренато обвинение.

Љубе Бошкоски веќе е три години затвор по пресудата за „Кампања“ и му остануваат уште две години. Претходно Бошкоски беше 4 години во затворот во Хаг. Во првостепената одлука која падна на Апелациониот суд Бошкоски доби 12 години затвор за наводно помагање на убиството на Марјан Тушевски и Кире Јанев.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хрватска го отфрли обвинението против Љубе Бошкоски за „Раштански Лозја“: Заврши мојот политички прогон од две децении

Маја Илиевска-Пачемска

Пресуда за Љубе Бошкоски: Не е виновен за „Ровер“

Васко Маглешов

Вработени во МВР кои прибирале докази за Бошкоски, не знаат кој дал наредба за неговото апсење

Ана Ололовска

Правобранителот не постапил за апсењето на Бошкоски поради судската одлука дека не била употребена прекумерна сила

Ана Ололовска

Чавков: Не се сеќавам дали знаев за апсењето на Љубе

Ана Ололовска

Љубе беше депресивен и разочаран, сведочеше затворскиот психијатар

Ана Ололовска