Двегодишниот Ченг Ченг од Кина наместо млеко сака да пие пиво, поради што е најмладиот љубител на алкохол. Тој уште како бебе, поточно кога имал само 10 месеци вкусил вино, а пред да наполни една година и пиво.
Се започнало кога момчето имало 10 месеци и кога татко му, му дал малку вино за да престане да плаче. Сега Ченг вреска доколку родителите му понудат млеко или некој безалкохолен пијалак. Пред неколку дена за само една минута испил цело шише пиво.
Неговата тетка вели дека секогаш кога некој од семејството ќе земе алкохол, момчето бара да пие.
-Гледа само во шишиња со алкохол, така што единствено нешто што можеме да направиме е да ги сокриеме- вели таа.
Е. Г.