„ЧЕЗ” ќе добие оштета поради одземената лиценца во Албанија

Од:

Чешката енергетска компанија ,,ЧЕЗ” со Албанија, која минатата година и ја одзема лиценцата за работа склучи договор за порамнување, соопшти портпаролката на компанијата, Барбора Пулпанова.

Според Пулпанова, освен тоа што „ЧЕЗ” до 2018 година на годишни рати ќе добие 100 милиони евра, сума приближно еднаква на почетната инвестиција за купување на албанската дистрибутивна компанија ЧЕЗ Шперндарје, ќе биде прекината и постапката пред Меѓународниот арбитражен суд. Документот бил потпишан во Виена под надзор на Секретаријатот на Енергетската заедница.

– Договорот го сметаме за успех главно поради фактот дека со стекнатите средства ќе бидеме во можност да располагаме порано и не мора да чекаме неколку години за да добиеме резултати од арбитражата. Според Договорот, финансискиот надомест ќе биде обезбеден од страна на реномирана европска банка, изјави претседателот на Одборот и генералниот директор на „ЧЕЗ” Даниел Бенеш.

Според аналитичарите, иако загубата на ,,ЧЕЗ” во албанската трансакција е поголема сепак приходот од 100 милиони евра е подобар од меѓународната арбитража која обично е долг и скап процес.

„ЧЕЗ” инвестираше во Албанија во 2009 година кога за околу 102 милиони евра купи 76 проценти од тамошната електродистрибуција. Минатата година во јануари, од Регулаторниот орган му беше одземена лиценцата со објаснување дека не обезбедил увоз на електрична енергија и не инвестирал во енергетската мрежа.

Чешката фирма подоцна започна Меѓународна арбитража врз основа на Енергетската повелба за заштита на меѓународните инвестиции и бараше оштета заради необезбедената инвестиција. Чешка, претходно најави дека заради спорот со „ЧЕЗ”, каде мнозинскиот пакет од 70 проценти е државен е подготвена да ја блокира Албанија во процесот на добивањето на статус на кандидатска земја на ЕУ.

„ЧЕЗ” има проблеми и во други балкански земји. Во Бугарија и се заканува казна или одземање на лиценцата, додека во Романија сака да продаде дел од инвестицијата поради намалување на дотациите.

Би можело да ве интересира

Рама: На 11 мај минува историскиот воз за приклучување на Албанија во ЕУ во оваа деценија

А1он

Петр Павел: Мора да бидеме подготвени за тоа дека САД ќе не остават на цедило

А1он

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ