Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност повеќе во крајните западни делови на Македонија. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе се движи од 7 до 16 степени, а дневната од 26 до 33.
Во Скопје и околината слично време со температура од 12 до 30 степени.
УВ индексот ќе има вредност осум.
И во наредните денови ќе се задржи претежно стабилно време, сончево со мала до умерена локална облачност и со пораст на дневните температури. Во вторник и четврток ќе има услови за локална нестабилност во попладневните часови со пороен дожд и грмежи.