Фејсбук вчера беше вон функција речиси 20 минути во целиот свет, што е најдолго во изминатите четири години.
Страницата не беше достапна ниту по пат на апликации, а сето тоа секако ги натера корисниците на Твитер да се пожалат поради привремената недостапност.
Но, имаше и духовите објави кои воедно и многу добро го опишаа современо општество и глобалната зависност од технологијата, особено од социјалните мрежи.
На Твитер главна забава била „падот на Фејсбук“ („Facebookdown“), каде можеа да најдат голем број записи и коментари како што се: „Оддаваме почит на сите селфија, кои не се објавени за време на „Facebookdown“ или слични постови со кои се исмеваше крахот на конкурентската социјална мрежа.