ВМРО-ДПМНЕ: Груевски бара висока отштета поради материјалната состојба на Заев

Од:

„Основ за барање таква висина на отштета е секогаш материјалната состојба на тужениот и тоа се правила во судската фела, кои Зоран Заев или не ги знае или неговите адвокати не му ги кажале. Зоран Заев не може да очекува дека за клеветите и лагите кои ги кажа може да помине само со едно евро. И сега и во иднина. Кога свесно лажеш и манипулираш, бидејќи на друг начин не можеш да добиеш избори, треба да си спремен да си ја платиш сметката за тоа“, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дека Груевски требало да побара отштета од 1 евро.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека Никола Груевски ќе се појави на судското рочиште тогаш кога ќе треба.

„Зоран Заев иако знае дака на подготвително рочиште не треба да оди, тој оди со шест адвокати од кои двајца нешто зборуваат, а четворица се декор, го коментира ВМРО-ДПМНЕ денешното рочиште во Основниот суд Скопје 2, во врска со процесот во кој Груевски го тужи лидерот на СДСМ за навреда и клевета.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина