ВМРО-ДПМНЕ: За нас е важно државата и граѓаните да не трпат штета поради водството на СДСМ

Од:

Разбираме дека на СДСМ му е многу важно подадената рака од ВМРО-ДПМНЕ да ја прикаже како надворешен притисок, а тие дека се некакви победници и дека не прифатиле никаков притисок.

Со задоволство ќе ги оставиме да живеат во тој нивен виртуелен свет на самолажење, сон дека сите веруваат во нивниот измислен филм. За нас е важно државата и нејзините граѓани да не трпат штета од дезориентираноста и безидејноста на водството на СДСМ, порача ВМРО-ДПМНЕ во реакција на соопштението од СДСМ, во кое исто така беше одговорено дека лидерот на СДСМ ја прифаќа поканата за средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Владејачката партија порачува дека остава СДСМ да го одреди терминот.

„Во тој правец, помагајќи да се чувствуваат позадоволни, терминот на средбата ќе го препуштиме да го одредат тие. Нека биде тоа еден мал придонес на ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на авторитетот на ова раководство на СДСМ, пред сè внатре во сопствената партија“, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела