Турската влада е сериозна во врска со овој договор. Затоа изминатите три години дискутиравме за него, рече Огуз Челикол во врска со преговорите поврзани со запирањето на флотилата бродови за Појасот Газа од страна на Израел, кога тој беше турски амбасадор во Израел.
Анкара бара три нешта од Израел: извинување за нападот, компензација за жртвите и отстранување на блокадата кон Газа. Масовната енергија за договор меѓу Турција и Израел е предмет за неговиот успех. Геополитичките императиви се длабоки. Влогот е гасоводот под морето вреден 2,2 милијарди долари, кој ќе ги поврзува Турција и израелските гасни полиња во Левијатан под Медитеранот. Од огромна важност за двете земји е што гасоводот ќе обезбеди пристап на Израел до европскиот пазар.
Политичката интеграција на Израел во регионот најмногу со Палестинците, изгледа клучна во остварувањето на енергетскиот договор. Додека царува загриженоста поврзана со расчистувањето на затегнатоста меѓу Израел и Турција по рацијата на флотилата, па таквите преговорои меѓу двете држави можат да ги уназадат и израелските односи со Палестинците.
– Треба да го одвоиме процесот за политичка нормализација од судските постапки, рече Огуз Челикол во врска со одбивањето на Израел да се согласи на компензација за нападот врз флотилата, што е предмет на судски процес.
Третото барање на Турција до Израел е уште позначајно: отстранување на блокадата на Газа. Иако блокадите од Израел се олабавени, Израел се уште спроведува поморска блокада на територијата.
Во меѓувреме, признавањето од страна на Израел на новата палестинска влада на национално единство допрва треба да се случи. Наместо тоа, Израел се противи заканувајќи се со изградба на големи доселенички населби на спорниот терен. – Генералниот секретар го повика Израел да ги послуша барањата од меѓународната заедница и да запре со активностите во доселеничките населби и да се држи до своите ветувања според меѓународните закони и итврдените патокази, потенцира портпаролот на Бан Ки-мун, генеален секретар на ОН.
И аналитичарите и дипломатите велат дека и Израелците и Палестинците имаат силна економска и политичка причина да се помират. За несреќа, теократската позиција на Израел и сојузништвото со САД, често го надминуваат придржувањето на државата до меѓународните закони и економските инцијативи. Не чуди тоа што диинамиката на конфликтот помеѓу Израелците и Палестинците останува на сила, со што само се потхрануваат заканувачките теократски активности.
Палестинската ситуација
И покрај загриженоста која го обвива турско-израелското помирување, Хамас може да има корист од тоа на повеќе нивоа, вклучувајќи и ублажување на голема израелска воена интервенција, кое се придодава на напорите на Турција да се залага за канали за отворена комуникација преку своите египетски врски, за да се отсрани ова движење од листа на терористички организации, неодамна изјави висок турски преставник за дневниот весник „Ал Монитор“.
Всушност, авторите наведуваат дека во врските на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган со Хамас лежи исламистичката позадина на неговата Партија за правда и развој. Изгледа дека Хамас го смета Ердоган за „калиф на исламот, владетел кој му нанесе удар на Израел и оној кој ќе се одмазди за убиството на муслимани во Сирија и Египет“.
За нив, нормализацијата на односите со Израел е спротивно на нивните религиозни ставови. Според „Хаарец“, истакнувањето на политичкото над религиозното го сведува статусот на Ердоган како лидер на муслиманите на обичен политички лидер, кој на прво место ги става интересите пред неговиот народ. Ова беше изјавено од страна на висок претставник на Хамас.
Сето ова го отвара прашањето дали израелското признавање на палестинските власти ќе го намали опасниот радикализам кој го претставува Хамас. Со турска помош, тоа изгледа остварливо. – Помирувајќи се со Израел, Ердоган се претставува себеси како лидер и како заштитник на интересите на народот кој гласаше за него во рамките на границите на неговата држава, а не на исламскиот свет и на Палестинците кои го сакаат, изјавија од една база на Хамас за „Ал Монитор“.
Тие изгледа се малцинство додека се случува „се посилна наклонетост во рамките на Хамас кон создавање на национална димензија и поделени политички интереси кои ќе надвладуваат над идеолошките, религиозни концепти во своите полотички врски“, изјави неодамна претставник на Хамас во врска со Турција. Покрај ова, Муса Абу Марцук, заменик-претседавач со Политичкото биро на Хамас за „Ал Џезира“ рече дека новата влада ќе се залага за обединување на институциите од Западниот Брег и Појасот Газа, со исклучок на Министерството за надворешни работи, чии активности ќе бидат координирани со Арапската лига и со Египет.
Тоа е уште поголема причина Турција и Израел да постигнат напредок во полтичките односи и да се договорат со палестинските власти. По се, расте впечатокот меѓу Хамас дека односите на Турција се водат од домашните и меѓународните калкулации на Анкара. Овој впечаток може да ги дефинира нејасните цели за подбар напредок во палестинските национални интереси.
Турција веќе делуваше на основата на палестинската власт. Истанбул во април беше домаќин на Палестинскиот меѓународен форум за медиуми и комуникации, каде беа приустни 400 автори и новинари. На агендата на Палестинците е и предлог до турските власти да отворат морски пат меѓу Газа и надворешниот свет, кој оригинално беше идеја на Еурдо-Мид обзервер за Човекови права. Сето ова може само да ја засили геополитичката интеграција на политичките сили во регионот, која предолго беше спречувана заради секташки поделби и радикализираниот религиозен конфликт.
– Најважното нешто е што оваа Влада ќе се залага за доведување до крај на оваа страшна поделба и ќе го реактивира палестинскиот демократски систем, рече независниот палестински политичар Мустафа Баргути за помирувањето помеѓу Хамас и палестинските власти. И иако нештата со сегашен Израел изгледаат прилично поделени, се уште можат да се преземат чекори со новообединета палестинска власт за да се намали израелското спротивставување.
Откако во април Палестинците го најавија своето обединување, портпаролот на Стејт департментот на САД, Џени Псаки, забележа дека „секоја палестинска Влада мора недвосмислено и точно да се заложи за ненасилство, признавање на државата Израел, и да ги прифати претходните договори и обврски постигнати помеѓу страните“. Сето она за што претседателот на палестинските власти Махмуд Абас рече за новата обединета палестинска влада дека ќе се придржува.
Геополитичкиот контекст
Европската Унија, која дава значајна помош за палестинските власти, рече дека ќе ја подржи новата Влада на технкорати. Се додека палестинската влада се држи до меѓународните принципи за ненасилство, за почитување на претходните договори со Израел и го признава правото на Израел да постои, Европската Унија ќе продолжи со директна финансиска ломош за палестинците.
Додека другите „патокази“ до мирот изледа се водени по двонасочна улица на взаемно признавање меѓу политичките власти на Израел и Палестинците, тие всушност не доведоа до позитивен резултат. Сепак, според геополитичката релност изгледа дека е можно израелските евреи и исламистичките палестинци да постигнат политичка интеграција, надминувајќи ги старите теократски ривалства. Може да се случи два чекори напред и еден на страна, но пошироката палета нуди поголем потенцијал за прогрес во односите во регионот, кој доживува еколошка деградација и ги менува енергетските потреби за сите.
– САД длабоко ги ценат нашите блиски партнерства и со Турција и со Израел и даваат голема важност на реставрацијата на позитивни односи помеѓу нив, со цел да се постигне регионален мир и безбедност, рече неодамна американскиот претседател Барак Обама. На заедничка прес-конференција со јорданскиот Крал Абдула Втори, Обама рече дека неговата администрација со месеци работела кон доаѓање до овој крај. Исто така и Ердоган зборува за важноста од силна соработка и пријателство помеѓу Турција и Израел.
За несреќа, Израел уште еднаш покажа дека има други идеи со своите последни планови за изградба на нови доселенички населби.
– Потегот на Израел да гради доселенички населби, со што јасно се кршат меѓународните закони и ја повредува визијата за решението за две држави, е неприфалив, рече турскиот министер за надворешни работи за „Заман“.
Турција, заедно со меѓународната заедница воопшто, сфаќа дека треба да се преземе цврст чекор за да се постигне мир во формирањето на обединета влада помеѓу Хамас и Фатах. За Турција, „инсистирањето на Израел за изградба на нови населби“ го подига прашањето за нивната волја да се пстигне траен мир.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху можеби сега претера. – Ги повикуваме израелските власти да ја прествртат оваа одлука, и да ги насочат сите свои сили кон што поскоро враќање на мировните преговори, рекоа Европејците во изјава. Дури и Израелците се чудат од размислувањето на Нетанјаху.
– Мислам дека премиерот го губи умот и затоа сега прави такви провокации, кои се повеќе спортивставување на Американците отколку на Палестинците, рече д-р Меир Маргалит. – Главната цел од оваа акција е да се уништи секоја шанса за идни преговори, додаде Маргалит за одлуката која недвосмислено потврдува дека Нетанијаху е „нелогичен“, а не стабилен „партнер за мир“.
– Тој се гледа себеси како лидер на еврејската држава, на еврејскиот народ, против целиот свет, рече поранешниот портпарол на Нетанјаху, Јоаз Хендел. – Ако ја истражите еврејската историја, тоа е дел од нашата приказна, да бидеме надвор од се.
Можеби дојде време да излеземе од студенилото, да ги оставиме товарите зад нас, и да тргнеме напред.
Ворлд Прес – Њујорк