Груевски: Во овие 24 години ВМРО-ДПМНЕ остана нерасклинлив дел од народот

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски денеска истакна дека најголемиот успех на партијата во овие 24 години е што остана нераскинлив дел од народот, кој е нејзина најголема сила, и оти ВМРО-ДПМНЕ има план како да ја развива Македонија и да ја направи економски посилна. Груевски денеска имаше обраќање пред своите сопартијци на приемот по повод 24-годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ.

– Д-р Христо Татарчев ќе каже: Македонија била и си останува култ на македонскиот народ, на неговата религија, род, јазик, на реликвиите на нејзините дедовци и прадедовци. Ќе дојдат генерации да ја видат независноста. На 17 јуни 1990 година беше формирана ВМРО-ДПМНЕ, врз основа на постулатите на историското ВМРО со една единствена цел а тоа е да го оствари вековниот идеал на македонскиот народ да живее во независна, суверена Република Македонија, држава која ќе служи на интересите на сите нејзини граѓани, потенцираше Груевски.

Периодот на основањето на ВМРО-ДПМНЕ, според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, беше период на неизвесност, на многу препреки, но со конечен успех и со победа на идејата, базирана на партиската идеологија, која во сржта ги има вистината, моралот и здравиот систем на вредности и која се роди од правдата, од слободата, од непокорот, од националниот интерес и, пред се, од потребите и интересите, но и од чуствата и интересите на народот.

– 24 години подоцна, таа идеологија продолжува да живее и да биде основа на нашето дејствување. Добива на жар и на енергија, со многу повеќе искуство, знаење и посветеност. Секојдневно и посветено работиме за интересите на нашите граѓани, истакна Груевски.

Тој им се заблагодари на сите членови на ВМРО-ДПМНЕ, на поранешните и сегашни членови на месните комитети за почитувањето на таа идеологија и за победите кои ги остварува партијата, за следењето на принципите на ВМРО-ДПМНЕ и за несебичното посветено и одговорно однесување.

– Сакам да се заблагодарам и на секој граѓанин за вреднувањето на ова што го работиме и за довербата што ни ја даваат девет пати по ред, во последните девет години, победи на девет изборни циклуси. Тоа е нашата енергија, народот е нашата енергија. Нашите успеси се заеднички, а кога се заеднички успесите тие се и поголеми, рече Груевски.

Им се заблгодари и на оние што ги критикуваат бидејќи, како што рече, уште повеќе ги мотивираат да ги исправат грешките, да учат од нив и да станат уште посилни и посупешни.

Посебно им се обрати на основачите на ВМРО-ДПМНЕ кои, како што рече, влегоа во ризик со оваа работа во едни тешки времиња, а се заблагодари и на првиот состав на Парламентот на ВМРО-ДПМНЕ, на претставниците на партијата во правата Влада…

Груевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ во перидот додека е на власт започна стотици реформи во сите сектори кои можеби нема да ги решат сите проблеми, но, потенцираше премиерот, работите почнаа да се менуваат кон подобро и да одат напред.

– Јас сум свесен дека реализацијата на оваа задача не е нималку лесна, ниту пак едностана, но ние како генерација политичари ја имаме историската одговорност со чесна работа да придонесеме во изградбата на Македонија. Таквата наша посветеност и работата базирана на принципи и вредности создаде нови стандарди за работа и ја крена летвичката многу повисоко, а со тоа и очекувањата на граѓаните како треба да се води политиката и колку резултати треба да се постигнат, истакна Груевски.

Во 2006 успесите се мереа, додаде тој, со претходните гарнитури на СДСМ.

– Сега не мерат со нас самите и лествичката постојано се поместува нагоре, што значи и нашето работење и стандардите на нашето работење треба постојано да растат и ако застанат граѓаните нема да бидат задоволни и тоа ќе го изразат на следните избори, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Последната убедлива победа на партија, според него, е триумф на посветената и макотрпна работа на реформите и проектите. Повтори дека програмата на партијата мора доследно да биде реализирана.

На приемот присуствуваа членовите на највисокото раководство на партијата, министри, сегашни и поранешни пратеници, ветерани и основачи на партијата, членови на УМС, претставници на дипломатскиот кор…

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ