Кери ги повика ирачките лидери да бидат единствени против џихадистите

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери ги повика денеска политичките лидери во Ирак да демонстрираат единство против џихадистичките борци, кои презедоа неколку провинции и сега претставуваат закана за Багдад.

– Не треба да се дозволат политички поделби врз основа на етнички или верски разлики, истакна Кери на прес-конференција во Лондон.

Тој додаде дека Ирак се соочува со „брутален непријател“, кој е закана за интересите на САД и на американските сојузници во Европа и на Блискиот Исток.

Кери нагласи дека очекува американскиот претседател Барак Обама набрзо да одлучи какви чекори ќе преземат САД во борбата против исламистичките бунтовници во Ирак.

Обама вчера изјави дека се разгледуваат сите можности за давање поддршка на ирачката Влада, иако неговата Администрација ја исклучи можноста за испраќање копнена војска.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски