Оставка на градоначалникот на Венеција по обвинувањето за корупција

Од:

Градоначалникот на Венеција, Џорџо Орсони денеска поднесе оставка на функцијата, откако беше обвинет за корупција во врска со изградбата на големите бариери во морската лагуна, што треба да го спасат градот од поплавиte што го погодуваат секоја година.

Оставката на Орсони уследи само 24 часa по одлуката на Судот да го ослободи од домашниот притвор во кој се наоѓаше поради поодминатите години.

Тој вчера се врати во својата градоначалничка канцеларија, но денеска соопшти дека се повлекува, откако ја загуби подршката од неговата левоцентристичка Демократска партија на премиерот Матео Ренци.

Во изјава за италијанските медиуми Орсони тврди дека е невин и дека единствена грижа му била да управува со градот на најдобриот начин.

– Во текот на извршувањето на функцијата стекнав многу непријатели, па сега ја плаќам цената за тоа, рече Орсони.

Повеќе од 30 лица на разни функции во политиката и бизнисот беа уапсени во обемната истрага за злоупотреба на јавните фондови и за поткуп на функционери. Според полицијата и обвинителството, станува збор за 20 милиони евра.

Мега проектот „Мојсеј“, за кој експертите велат дека е единствениот начин да се спаси Венеција која полека тоне, меѓудругото и како последица на постојаните поплави, започна уште во 2003 година.

Проектот, со поставување бариери во морето ќе чини повеќе од четири милијарди евра, но работата на него постојано се одлага поради финансиските проблеми во кој се најде Италија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага

Поплави во Италија: Тројца млади исчезнаа во водата

Предраг Петровиќ

„Јас сум таа ку*ка Мелони, како сте“?

Предраг Петровиќ

Сопругот на италијанската европратеничка е пронајден мртов во автомобилот

Предраг Петровиќ

Драма во Палермо: Tатко ги избодел сопругата и двете деца, а потоа се забарикадирал во куќата

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани